Просечниот Американец користи по 35 илјади пластични сламки во текот на животот. Ги користи за кафе, сок, коктели, речиси по десет пластични сламки на ден, вели глумецот, продуцент и еколог Адријан Гренијер, кој ја започна кампањата „Стравлес оушн“.
Пластичните сламки не можат да се рециклираат, па завршуваат во депониите, во природата и во океаните. Американците исфрлаат половина милјарда сламки секој ден, што е доволно да се наполнат 125 школски автобуси.
Според листата на страната „Литерати“, сламките се шестти на листата предмети и материи што се најчесто фрлани во океаните, по пластиката, цигарите, хартијата, конзервите…
Тие го влошуваат и така големиот проблем со фрлање пластика во океаните. Годишно во океаните завршуваат околу осум милиони тони од тој материјал, произведен од фосилно гориво.
– Во рестораните секогаш добивам пластична сламка, дури и тогаш кога не сум побарал. Тие се прават од нафта, а се користат неколку минути пред да се фрлат и не се рециклираат – вели Мило Крес, кој во 2011 година како деветогодишник покренал кампања „Би строу фри“, прва од таков тип во Америка.
Пред неколку години вниманието го привлече видео-снимка на кое е прикажана морска желка што во носот има заглавена пластична сламка. Видеото е искористено за кампања со цел да се развие свеста кај населението за исфрлање од упореба на пластика што не се рециклира, бидејќи е премногу опасна за живиот свет во окените и природата.