Во 1862 година во текот на Американската граѓанска војна, фотографот Метју Брејди организирал изложба во неговото студио во Њујорк. Во студиото на Брејди, американските граѓани преку изложените фотографии можеа да ги доживеат сите ужаси на војната. На фотографиите можело да се видат убиени и осакатени војници на бојното поле, а изложбата била шокантна за јавноста. „Њујорк тајмс“ на 20 октомври 1862 година обави: „Господинот Брејди направи нешто за да ни ја донесе страшната реалност и сериозната војна. Тој не ги донесе и не ги положи телата во нашите дворови и улици, но тој направи нешто многу слично“.
Најголемиот дел од фотографиите биле направени од неговите вработени, а Брејди останува запаметен како човекот што го изработил портретот на американскиот претседател Линколн, портрет што може да се види на банкнотата од пет долари. Метју Брејди денес се вбројува меѓу еден од татковците на фоторепортажата.