Рефлектирачка антена со пречник од 70 метри направена во Кина, е подготвена за примање податоци од Марс. Ова е најголемата антена од овој вид во Азија.

По завршувањето на проверките од четвртокот, таа е подготвена да се стави во употреба за „ Тијанвен-1“, првата кинеска мисија на Марс, која ќе се приближува до црвената планета и се очекува наскоро да влезете во нејзината гравитација, објави „Глобал тајмс“.

Антената специјално дизајнирана за истражувањето на Марс, има задача да прима податоци од леталото „Тјанвен-1“ од гравитацијата на црвената планета со оддалеченост од околу 400 милиони километри од Земјата, играјќи клучна улога во мисијата, забележуваат експертите.

Антената со високи перформанси за Националните астрономски опсерватории на Кинеската академија на наука е висока 72 метри и тежи 2.700 тони. Составена е од 1.328 прецизни панели и има големина од 10 кошаркарски игралишта, а дијаметарот на неговиот главен рефлектор е широк дури 70 метри. Оваа кинеска антена е за 30 метри помала од најголемата светска антена која се наоѓа во САД.

Изработката започнала во 2018 година во северната кинеска провинција Тианџин. Според кинеската академија за наука таа а завршена навреме затоа што леталото „Тјанвен-1“ му се приближува на Марс.

Кина, досега користеше три антени, со пречник од 35 до 50 метри во Пекинг и Кунминг, но тие не беа доволно силни да обезбедат квалитетен прием на податоци од Марс. Марсовата орбита е оддалечена околу 400 милиони километри од Земјата, кога двете планети се наоѓаат на спротивните страни од Сонцето. Сега Кина може да ги поврзе сите четири свои телескопи, и така да ја зголеми нивната можност.

Леталото „Тианвен-1“ е лансирано во јули 2020 година, а во гравитациското поле на Марс ќе влезе на 20-ти февруари.


 „Тјанвен-1“ ги прати првите слики од Марс

Кинеското летало „Тјанвен-1“,специјално дизајнирано за истражување на Марс ја испрати првата слика од црвената планета, соопшти денеска Кинеската вселенска агенција, пренесуваат светските медиуми.

Леталото „Тјанвен-1“ беше лансирано минатиот јули за првата кинеска мисија на Марс и се очекува да влезе во неговата  орбита околу 10 февруари. Планот на мисијата е да слета на површината на „црвената планета“. Фотографијата е направена на 1,1 милиони километри од планетата.

„Тјанвен-1“ тежи пет тони и носи ровер кој треба да ја истражува површината на Марс.