Италија забранува хранење гулаби, а Шкотска пасење крави кога сте пијани
Европа е прекрасен континент, а дополнителен бонус е што ние сме дел од неа, така што сите фасцинантни места што ги нуди ни се на дофат на раката. Но забавното патување може да биде уништено со ненадејно апсење од страна на полицијата, па затоа би било добро да дознаете кои и какви закони важат низ европските земји. Ќе се изненадите какви закони постојат.
Швајцарија: Отстранување ѓубре во недела
Неделата може да изгледа како ден за средување на вашата куќа, но во Швајцарија може да добиете казна ако користите контејнери во вашето соседство.
Германија: Употреба на дупчалка во недела
Викендите се за одмор, а Германците го сфаќаат тоа навистина сериозно. Продавниците се затворени, а вие не смеете да ја поправате куќата и да ги вознемирувате соседите со бучава додека одмораат.
Шкотска: Грижа за кравите додека сте пијани
Ако „заглавите“ во паб, а потоа водите стадо крави под дејство на алкохол, може да платите казна од 200 фунти или да одите во затвор до една недела. Истото тоа важи и за коњите.
Франција: Неносење апарат за мерење алкохол во крвта
Кај нас полицијата се грижи за ова, но во Франција мора да го купите сами и секогаш да имате т.н. дрегер, уред што го мери процентот на алкохол во крвта.
Англија: Прескокнување преку оградата на метрото
Дури и ако брзате, не обидувајте се да ја прескокнете оградата додека чекате во ред да купите билет во лондонското метро, бидејќи ќе го прекршите законот, па ќе следува санкција.
Естонија: Играње шах за време на секс
Во Талин, главниот град на Естонија, постои ваква забрана. Многу е бизарно и не знаеме дали Естонците се навистина толку страсно вљубени во шахот.
Италија: Хранење гулаби
Хранењето гулаби во Венеција можеби ви изгледа како бајка, но тоа е забрането од 2008 година, па ако ве забележат како го правите тоа на плоштадот „Свети Марко“, може да добиете казна од 700 долари.
Шпанија: Носење костими за капење низ градските улици
Барселона е град на туристи и има прекрасни плажи, но кога шетате по улиците на овој град, облечете нешто преку костимот за капење за да не бидете казнети.
Грција: Разгледување историски знаменитости на високи потпетици
Во Грција не смеете да посетувате некои историски знаменитости на високи потпетици затоа што на тој начин може да ги оштетите и да бидете казнети.
Португалија: Мокрење во океанот
Не знаеме како полицијата во Португалија го регулира ова, но постои такво законодавство.