Популарната романтичната драма „Валкан танц“ од осумдесеттите ќе го добие своето продолжение, а во него ќе настапи и Џенифер Греј, која во првиот дел ја играше партнерката на Патрик Свејзи. Новото продолжение ќе го режира Џонатан Левин, додека Греј ќе биде извршна продуцентка на филмот.
– Тоа ќе биде романтично-носталгичен филм, кој обожавателите го чекаа долго време – изјави Греј.
Во првото продолжение, Греј ја играше Франсис Бејби Хаусмен, тинејџерка што се вљубува во инструкторот за танцување за време на семејниот летен одмор. Заплетот на филмот се одвива во шеесеттите години во Њујорк.
Филмот освои „оскар“ за најдобра оригинална песна „Time of My Life“ и е рангиран меѓу најпопуларните филмови на сите времиња. Филмската ѕвезда Патрик Свејзи почина од рак во 2009 година на 57-годишна возраст.