Mедицински совет
Се ближиме кон есента, кога поради настинките и грипот ни е исклучително важна добрата здравствена состојба на нашиот организам, па треба да се ослободиме од штетните навики што му штетат на имунитетот.
Јадете премногу шеќер: Слатките би можеле да му нанесат штета на вашето имунолошко здравје, бидејќи прекумерното внесување шеќер и јаглехидрати може да ја намали функцијата на имунолошките клетки.
Консумирање алкохол: Пиењето поголеми количества алкохол (повеќе од 14 чашки неделно) може да доведе до посериозни симптоми ако се разболите.
Премногу грицки: Високопреработената храна содржи големи количества натриум, заштитени масти и шеќер. Овие компоненти може да доведат до развој на срцеви заболувања, болести на бубрезите и хронични воспаленија.
Јадење брза храна: Таа има многу заситени, а малку незаситени масти, па тоа може до доведе до воспаленија што го слабеат имунитетот.
Премногу сол во исхраната: Преголемото внесување натриум го зголемува крвниот притисок и ја задржува течноста, а тоа пак ги поттикнува бубрезите да лачат повеќе натриум, што го слебее организмот.