Според најновите податоци собрани од роверот „Персеверанс“, коритото по кое се движи откако пристигна на Марс, се состои од течна лава, што е сосема неочекувано, велат научниците. Претходно се сметало дека почвата на Марс е седиментна, пишува „Си-ен-ен“.
Камењата кои досега ги собра роверот „Персеверанс“ покажуваат дека тие повеќепати биле во контакт со вода, а некои од нив вклучуваат органски молекули. Овие наоди би можеле да им помогнат на научниците да создадат низа од настани што се случиле на кратерското езеро, што е клучно за разоткривање на Марс.
– Почнавме да очајуваме дека никогаш нема да најдеме одговор, но кристалите собрани во камењата се доказот што ни требаше – рече Кен Фари, научник од Калифорнискиот технолошки институт кој работи на проектот.
„Персеверанс“ тргна во мисијата опремен со мноштво софистицирани инструменти кои можат да анализираат примероци од камења и на тој начин да дознаат повеќе за нивниот состав и содржината на минералите.
Досега биле собрани четири вакви примероци од камен, а планираат да се соберат 37.