Америка се оддалечуваше од Европа и Африка со брзина од четири сантиметри годишно, а новата студија ги откри драматичните процеси што се случуваат.
Во моментов најголем океан на Земјата е Пацификот, но Атлантикот како втор најголем океан постојано расте, зголемувајќи ја својата широчина за околу четири сантиметри секоја година.
Тектонските механизми што го движат проширувањето на Атлантикот и оддалечувањето на Европа и Африка од Америка, остануваа делумно нејасни со години, имајќи предвид дека повеќето податоци за овие промени се добиени со инструменти на копно. За да се добие подобар преглед на сложените процеси што се случуваат под дното на Атлантикот, во 2016 година тим научници распоредиле 39 сеизмометри на длабочина од неколку милји преку Средно-Атлантскиот гребен, подводен планински венец формиран од граница на континентална плоча.
Резултатите откриваат големи извори на материјал за надопополнување од долната мантија, слој на Земјата лоциран стотици милји под дното, што помагаат да се оттргнат атлантските континенти, а со тоа да се придонесе за проширување на овој океан. Претходните модели на проширување на Атлантикот главно се базираа на процеси на субдукција, во кои континенталните плочи се влечат или се „спуштаат“ во земјината кора, а не го земаа предвид обратниот процес на пораст.