Наставникот Саки Перси од Гана стана популарен на социјалните мрежи откако објави снимка на која игра со учениците. Тој вели дека сака да го направи учењето позабавно за децата и тие полесно да ги совладаат предметите. Проблем, според него, е тоа што децата воопшто не разговараат со наставниците и им недостига комуникација, поради што одлучил да проба нов метод.
-Се одлучив на танц за да има повеќе интеракција меѓу наставникот и децата, а исто така правам училиштето да биде попривлечно за децата за да не ја пропуштаат наставата- вели тој.
И други училишта во Гана ги користат неговите снимки како наставен метод.
Перси, инаку, е пејач, текстописец и танчар, но вели дека е изненаден од популарноста на неговото видео на социјалните мрежи.
-На почетокот ми се јавуваа луѓе кои не ги ни познавав. За десетина дена снимката ја прегледаа над 10.000 луѓе, така што навистина сум изненаден- вели Перси.
На снимката има над 600 коментари. Претходно имал 23 следачи, додека сега бројката е зголемена на околу 4.000.