За да се заштити Арктикот од можното опустошување како резултат на климатските промени, тим на научници имаат бизарен план. Идејата, пренесува Си-би-ес њуз, е да се исполни Арктикот со стада тревопасни животни како ирваси и бизони, што би помогнало да се одржува трајно замрзнатата ледена површина (пермафростот) со газење, трик за кој велат, дека може да спаси 80 проценти од пермафростот на Арктикот до 2100 година.
Кога снегот паѓа на Арктикот, тој всушност служи како слој на изолација помеѓу почвата и значително поладниот воздух над неа. Како што се влошуваат климатските промени, таа изолација се заканува дека ќе дозволи температурата на почвата да се искачи до точката кога ќе започне да се топи пермафростот.
За да се спречи тоа настапуваат животните . Според симулациите објавени минатиот месец во списанието „Нејчр“, големите тревопасни животни не само што ја шират снежната изолација додека шетаат наоколу, туку помагаат да се задуши и да се набие почвата под нив.
Меѓутоа, има прашања за изводливоста на студијата.
– Освен ако со планот не се опфатат милиони квадратни километри со коњи, бизони и ирваси, како може тоа да има значително влијание – изјавил Рик Томан, специјалист за клима во Меѓународниот центар за истражување на арктикот, за Си-би-ес.