Американската вселенска агенција НАСА започна онлајн аукција преку која луѓето од целиот свет можат да купат фотографии што ја прикажуваат златната доба на истражување на вселената. Меѓу фотографиите изложени на аукцијата е и фотографијата на Нил Армстронг на Месечината покрај американското знаме, но и фотографија од кучето Лајка – првото животно што кружеше околу Земјата.
Постои и самослик од Баз Олдрин, што е првиот автопортрет направен во вселената. Ова се само три од 2.400 ретки фотографии на НАСА што се продажба. Многумина ќе бидат фасцинирани од фактот дека на продажба е и „Синиот мермер“ (Blue Marble), направена од екипажот на „Аполо 17“ во 1972 година. Ова е првата фотографија на која светот ја виде целосно осветлената Земја. Но има уште неколку интересни и вредни фотографии што претходно не ѝ биле прикажани на јавноста. Како што се очекуваше, цените се многу високи. На пример, фотографијата на Армстронг на Месечината се проценува на 37.800-63.000 американски долари, додека „Синиот мермер“ чини 31.500 долари.
– Астронаутите ја забележаа убавината на патувањата во вселената со своите аналогни уреди и со тоа засекогаш го сменија начинот на кој се гледаме себеси и нашето постоење во универзумот – се вели во соопштението на организаторот на аукцијата.
Аукцијата трае до 19 ноември и е насловена „Патување кон друг свет: Колекција на фотографии Виктор Мартин-Малбурет“.