Европскиот сателит „Геа“ овозможи тродеминзионално мапирање на речиси 1,7 милијарди ѕвезди во нашата галаксија и одредување на оддалеченоста од Земјата за 1,3 милијарди, соопшти денеска Европската вселенска агенција(ЕСА).
– Тоа е многу богата архива на податоци и мислиме дека тоа од корен ќе ја промени астрономијата и нашето сваќање на Млечниот пат – вели Уве Ламерс, еден од водечките научници во ЕСА.
Сателитот „Геа“ беше лансиран кон крајот на 2013 година и ги снима изворите на светлина во Млечниот пат. Во моментот се наоѓа на 1,5 милиони километри од Земјата каде пристигнатите податоци ги обработуваат 450 научници од 20 земји.
Новите податоци кои „Геа“ ги собра од јули 2014 до мај 2016 година денеска се објавени на интернет и може да им се пристапи.