Тениската ѕвезда Наоми Осака (23) во саботата се фотографираше со трофејот од гранслем-турнирот „Австралија опен“ во Владиниот дом во Сиднеј, облечена во креација на „Луј Витон“, со шарена блуза и ташна со ремен од ланчиња и во патиките „Апчлајн“ со ѓон во облик на бран, странични сини ленти и со отворен глужд.
Осака која во јануари стана најновата амбасадорка на брендот „Луј Витон“, во финалето во Мелбурн беше подобра од Џенифер Брејди со 6-4 и 6-3 по сетови со што го освои нејзиниот четврти гранслем-трофеј во кариерата.
.