Ако им се верува на експертите, постојат пет навики што треба веднаш да ги прекинете за да го намалите ризикот од развој на хронични заболувања
Пандемијата на коронавирусот, која сѐ уште трае, нѐ натера да почнеме да се сомневаме во многу работи, можеби дури и во сето она што мислевме дека го знаеме за здравите навики. Сеопфатната потрага по здравје може да ни даде еден од најважните одговори. Работите што ги правиме секој ден влијаат врз нас – нашето срце, тежина, мозок и имунолошки систем. Во наш интерес е да ги одржуваме овие витални системи во врвна форма, така што ќе бидеме подготвени да се соочиме со сѐ што ќе ни стави животот пред нас.
Ако им се верува на експертите, постојат пет навики што треба веднаш да ги прекинете за да го намалите ризикот од развој на хронични заболувања.
Изолација: Иако осаменоста и тагата се опишуваат како „сини“, тие вклучуваат црвен аларм во телото. Експертите велат дека осаменоста и стресот предизвикуваат воспалителен одговор во телото. Тие се шират низ телото и го уништуваат нашиот одбранбен систем. Според една студија објавена во „Антиоксидантс енд ридокс сигналинг“, овие долгорочни воспаленија може да доведат до развој на кардиоваскуларни заболувања, рак и деменција.
Недостиг од квалитетен сон: За време на спиењето повеќето телесни системи се освежуваат, вклучувајќи ги и срцето, мозокот и имунолошкиот систем. Прескокнувајќи го спиењето, го лишувате вашето тело од можноста да закрепне. Голем број истражувања го поврзуваат лошиот квалитет на спиењето со широк спектар на болести. Според препораките на експертите, оптималното количество на сон за возрасни е седум часа спиење секоја вечер.
Премногу натриум: Типичната исхрана е богата со преработена храна, која е полна со додатоци како натриум, поточно сол. Проверете ја нутритивната табела на намирниците, количеството сол што го содржат може да ве шокира. Експертите препорачуваат да го ограничите дневното внесување сол на 2.300 милиграми. Големо количество сол го зголемува ризикот од развој на висок крвен притисок, срцев удар и мозочен удар. За да го заштитите здравјето на срцето и мозокот, користете што е можно помалку сол во вашата исхрана.
Течни калории: Консумирањето премногу шеќер е една од најлошите работи што можете да му ги направите на вашето тело. На тој начин го зголемувате ризикот од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни заболувања, како и зголемување на телесната тежина, а го ослабувате имунолошкиот систем. Американското здружение за срце препорачува мажите да не консумираат повеќе од 9 лажичиња шеќер дневно, а жените да не консумираат повеќе од пет лажичиња шеќер дневно. Просечен Американец консумира околу 15 лажичиња секој ден. Најлошото што можете да го консумирате се засладени пијалаци, како сокови, печени десерти и брза храна.
Стрес: Во студија од 2020 година, објавена во „БМЈ опен“, истражувачите опишаа дека „чувството на неподнослив живот“ може да го скрати животниот век за 2,8 години кај мажите и 2,3 години кај жените. Се чини дека стресот предизвикува воспалителен одговор во телото, што го зголемува ризикот од развој на срцеви заболувања, рак и деменција. Една студија од 2018 година објавена во списанието „Ниоролоџи“ покажа дека луѓето што живеат во многу стресна средина може да доживеат намалување на нивниот мозок и да почнат да губат меморија пред нивниот 50-ти роденден.