Судот ѝ дозволи на Бритни Спирс да избере свој адвокат
Судија во Лос Анџелес реши да ѝ дозволи на американската поп-ѕвезда Бритни Спирс самата да ангажира свој адвокат во борбата за ставање крај на контроверзниот конзерваторски надзор.
Пресудата беше донесена вчера, откако Спирс се обрати пред судот по втор пат за помалку од еден месец.
Спирс повторно побара нејзиниот татко Џејми Спирс да биде отстранет од правниот договор што ги контролира нејзините финансии и приватниот живот со години.
На суд минатиот месец, таа драматична побара да се стави крај на старателскиот мандат кој му овозможува на татко ѝ да носи одлуки за нејзиниот живот.
Таа вчера го повтори апелот во емотивна изјава, барајќи да биде покренато обвинение против нејзиниот татко за злоупотреба на правото на старателство.
– Сакам да поднесам обвинение. Лута сум. Му дозволивте на татко ми да ми го уништи животот. Морам да го запрам тоа и да го обвинам за злоупотреба на старателството рече Спирс – обраќајќи се на судот преку телефон на адвокат.