Музичари од Норвешка свиреа на инструменти направени од мразот од Арктичкиот Океан, на најсеверната локација во светот, за да ја подигнат свеста за климатските промени.
Квартетот настапи на Арктикот на температура од -12 Целзиусови степени за да ги поттикне луѓето да размислуваат за климатските промени. Иако ова изгледа ладно, пишува „Евроњуз“, според „Гринпис“, минатиот месец просечната температура на Арктикот била 8 Целзиусови степени повисока од нормалната.
-Треба да го третирате мразот со почит, во спротивно ќе се уништи. Тоа треба да го правиме и со природата, рече Терје Исунгсет, главниот музичар на триминутната изведба на дело создадено исклучиво за оваа пригода.