Сосема нова глетка на Олимписките игри. Нивната облека, според Германската федерација за гимнастика, е изјава „против сексуализацијата во гимнастиката“
Почнаа женските натпревари во гимнастика на Олимписките игри во Токио, па можеме да ги видиме спортистите како Симоне Билс како се натпреваруваат со натчовечки подвизи на сила и уметност. Тимот на Германија прикажа поинаков вид костими за натпреварување. Не трико без ракави или со долги ракави, како што е стандард од 1930-тите години, туку единичен костим што ги прикрива и нозете, познат како „унитард“. Тоа е сосема нова глетка на Олимписките игри. Нивната облека, според Германската федерација за гимнастика, е изјава „против сексуализацијата во гимнастиката“.
Четирите гимнастичарки што ја претставуваа Германија: Ким Буи, Полин Шефер, Сара Вос и Елизабет Сеиц, носеа единични целосни костими во дречлива розова боја, со исечоци од тантела на нозете и јаката и сребрен орел на страна. Нозете по целата должина се прекриени од припиени тесни костими.
Зајтс, Буи и Вос прво носеа слични „унитарди“ во настапите на Европското првенство во гимнастика 2021 година во Базел, Швајцарија, во април.
– Треба да им се даде „пример“ на сите гимнастичарки што не се чувствуваат пријатно или дури и сексуализирано во вообичаените костими. Бидејќи секоја гимнастичарка треба да може да одлучи во кој тип костим се чувствува најудобно и потоа да почне со гимнастика – напиша Саиц на Инстаграм.
Промената во облекувањето е поттикната од случајот со Лари Насар, поранешен лекар на репрезентацијата во гимнастика на САД, кој моментално издржува казна затвор од 176 години за сексуално малтретирање на стотици млади гимнастичарки, вклучувајќи го и целиот тим на Олимписките игри во 2012 година и четири од петте членки на тимот од 2016 година.
– Дали „унитардите“ односно целосните костими ќе го решат овој посебен вид злоупотреба? Не мора да значи, но тоа е еден начините како атлетичарките можат да ја вратат контролата – велат гимнастичарките.