Молитвеникот е најпознатиот и најдобро зачуван примерок на илустриран ракопис од доцниот готски период. Многу уметници учествувале во неговото создавање – минијатурите и калиграфијата. Во неговата изработка биле користени скапи пигменти и злато. Се одликува со невообичаено голем број илустрации. Истражувачите велат дека е еден од најлуксузните и најскапи ракописи од доцниот среден век

Занимливости

Во 1885 година, Анри Орлеански – војводата од Омал, во еден интернат за млади дами во предградието на Џенова открива еден молитвеник што потекнува од доцниот готски период, а следната година го купува за сума од 18.000 франци. Во 1881 година, Леополд Делиле во инвентарот на војводата од Берија, кој починал во 1416 година, го лоцирал споменатиот молитвеник и утврдил дека станува збор за дело на познатите браќа од Лимбург. Молитвеникот потоа е однесен во Англија и подоцна му е подарен на музејот „Конде“.
Всушност, молитвеникот е зачуван само во фрагменти и никогаш не бил довршен, и покрај тоа што во неговата изработка учествувале околу петнаесет уметници. Неговата изработка започнала во 1411 година, кога војводата од Берија ги повикал познатите Пол, Јан и Херман (браќата од Лимбург) со намера да му создадат илустриран молитвеник.
Но војводата од Берија и браќата од Лимбург ненадејно умираат во 1416 година, најверојатно поради епидемијата на чума, поради што завршувањето на молитвеникот било прекинато. Истражувачите веруваат дека Пол и неговите браќа изработиле 35 големи илуминации и 25 сцени од помал формат, како и еден лист на кој е поставена тема составена од три минијатури.
Истражувачите веруваат дека по смртта на браќата од Лимбург, изработката на молитвеникот ја продолжува фламанскиот уметник Дајк во 40-тите години на 16 век, а третата фаза продолжува неколку века подоцна кога Жан Коломб во 1845 година ги довршува повеќето од илуминациите, меѓутоа по неговата смрт молитвеникот повторно останува недовршен.

Се верува дека во првата половина на 16 век, молитвеникот се наоѓал во Фландрија, а потоа неговата трага се губи, сѐ до 19 век, кога се појавува во Италија кај фамилијата Снипола. Потоа преминува кај Жан Батист Сера, а потоа кај баронот Феликс Маргерит, кој му го продава на војводата од Омал.
Ракописот се состои од 206 листа, од кои најголемиот дел се илуминации. Изработен е од тенка хартија и користена е богата палета на бои. Браќата од Лимбург користеле пигменти од минерално и хемиско потекло, но и од растително, а како лепило користеле арапска гума.
Браќата од Лимбург ја добивале зелената боја од мелен малахит, а сината од лапис лазурит, кој потекнувал од Блискиот Исток или од Авганистан. Поради реткоста на материјалите што биле употребени за изработката на молитвеникот, истражувачите велат дека неговата изработка била многу скапа.