Минералите обезбедуваат силен имунитет, повеќе енергија и подобар сон. Лекарите се согласуваат дека исто така имаат неверојатно важна улога во функционирањето на целиот организам, затоа што го штитат од стрес и слабост. Иако во храната присуствуваат во многу мало количество, само како траги, влијаат на сите органи и ако не се консумираат во доволно количество, предизвикуваат разни заболувања. Најважни минерали се магнезиумот, цинкот и железото.

Магнезиум
Некои студии покажуваат дека има корисен ефект врз сонот. Која е дневната доза магнезиум што ни треба? На жените им требаат околу 320 милиграми на ден. Бидејќи неговите резерви се намалуваат со напорна физичка активност (мускулите го трошат за време на вежбање), понекогаш таа доза треба да се зголеми. Магнезиумот се наоѓа во семките и оревите, зелениот зеленчук, авокадото и црното чоколадо. Со консултација со лекар, можете да го земете и во форма на додатоци, но во тој случај може да доведе до опстипација.

Цинк
Цинкот влијае на имунолошкиот систем и со тоа нè штити од разни инфекции (вклучувајќи го и ковид-19). Ако го нема доволно во организмот, имунолошката реакција кај некои клетки ослабува. Тоа ја отежнува борбата против инфекцијата и може да предизвика воспалителни процеси и оштетување на клетките. Најголеми количества цинк има во морските плодови и во црвеното месо, а нешто помалку има во мешунките, оревите, житните растенија и семките од тиква. Оптималното дневно внесување цинк е околу осум милиграми.

Железо
Овој минерал е неопходен за еритроцитите да носат кислород низ целото тело. Покрај тоа, железото е важно за мускулната функција. Недоволното внесување храна може да предизвика општа слабост, тешкотии во концентрацијата и да го зголеми ризикот од анемија. За да го спречите ова, јадете месо, морска храна, ореви, мешунки, зелен лиснат зеленчук.
Се покажа дека железото ги подобрува атлетските перформанси кај спортистите во репродуктивна возраст. Бидејќи овој минерал се губи не само преку крвта (за време на менструацијата) туку и преку потење, жените што се занимаваат со тешки физички активности треба да бидат особено внимателни. Треба да се биде внимателен со количеството железо бидејќи прекумерното внесување предизвикува проблеми со желудникот и оштетување на клетките.