Првата дама на САД, Меланија Трамп, исто како и Доналд Трамп, се однесува како тој да не претрпе пораз на претседателските избори во САД. Таа допрва треба да се обрати до новата прва дама Џил Бајден и ја да покани на традиционалниот чај во Белата куќа, пренесува Си-ен-ен. 

На денешен ден пред четири години, Меланија Трамп, како што е вообичаено, пиеше чај во Белата куќа и изврши обиколка на покана на тогашната прва дама, Мишел Обама. Но, овој пат, транзицијата во Белата куќа уште не е започна.

Наместо тоа, во Белата куќа се случуваат малку промени, а најголемиот дел од фокусот на канцеларијата на првата дама останува на секојдневните состаноци и на претстојното планирање на празниците. 

– Не сум сигурен дека е фер некој да се очекува Меланија да започне со транзиција, кога Трамп сè уште не го признал неговиот пораз – открива извор на Си-ен-ен.

Но, секој ден поминат без почнување на транзицијата ги прави сè потешки обврските на Белата куќа за сместување на новото прво семејство и за заминување на сегашното.

– Оваа транзиција ќе биде застрашувачка задача, иако Бајден е запознаен со Белата куќа и е исклучително способен – вели Каприција Пенавиќ Маршал, која служеше како специјална асистентка на Хилари Клинтон кога таа беше прва дама, а потоа беше задолжена за планирање на настаните во Белата куќа. 

Маршал ја знае важноста да се почитува тесниот распоред за деновите помеѓу изборите и инаугурацијата. Сето тоа има тесна временска рамка, а распоредот само ќе се натрупува. Денот на инаугурацијата е во форма на кореографија која мора да биде точна во секунда, од испраќање на претходното прво семејство, па сѐ до снабдување на фрижидерите, распакување на облеката на новата прва дама во нејзината соба и до мерење на завесите, проследено со илјадници ситници. 

Во Белата куќа е општо познато дека ваквата транзиција знае да биде непријатна за обете семејства. И Барбара Буш не беше задоволна што се исели по само едне мандат, но сепак беше милостива кога Хилари Клинтон по изборите дојде во Белата куќа за традиционалниот чај.

– Барбара ја однесе Хилари во резиденцијата и ѝ го покажа прозорецот низ кој ќе гледа низ розовата градина, со поглед кон Овалната соба. Овој „таен прозорец“ оттогаш стана дел од традиција во која секоја прва дама ѝ го покажува на новата прва дама – објаснува Анита МекБрајд, која служеше како шеф на кабинетот на Лора Буш. 

Сликата како Меланија Трамп и Џил Бајден овојпат уживаат во чајот, кога и ако дојде тој ден, веројатно ќе биде проследена со непријатност и горчина. 

– Најверојатно ќе биде непријатно, но тој момент ќе донесе и една колективна воздишка на олеснување за сите други, а тоа ќе избрише дел од горчината на политиката и изборите – вели МекБрајд.