Од стапувањето на нејзиниот сопруг на должноста претседател на САД, Меланија Трамп заработила стотина илјади долари од фото-агенцијата Гети, за објавување на нејзини фотографии, објави Ен-Би-Си Њуз.
Неодамна објавениот финансиски извештај за претседателот Трамп открива дека фотогеничната прва дама во 2017 година заработила најмалку 100.000 долари за употреба на 187 фотографии направени меѓу 2010. и 2016 година.
Доселеничка во САД од Словенија, Меланија Трамп имаше кариера на манекенка пред да се омажи со Доналд Трамп.