Зошто не треба да носиме нова облека пред да ја испереме
Доколку сте меѓу оние што понекогаш носат нова облека пред да ја исперат, тогаш треба да се ослободите од таа навика. Носењето неиспрана облека, тукушто извадена од кутија, може да остави последици на вашата кожа, бидејќи има големи шанси за инфекција предизвикана од бактерии.
Новата облека содржи патогени и заразни клетки: откако облеката ќе се произведе, таа се пакува и се праќа на некое место во процесот на транспортот, пред да стигне во продавниците.
Тешко е да се следи каде се произведува облеката, каде се чува и како се транспортира, а во тој период може да дојде во контакт со патогени и заразни клетки.
Можеби ја пробале и други луѓе: во големите продавници каде што е изложена, оние што ја купуваат, најчесто прво ја пробуваат облеката. Остатоци од кожа и заразни клетки може да останат на неа и да предизвикаат дерматитис, чешање и црвенило.
Хемикалии во боите: во контакт со кожата текстилните бои може да предизвикаат чешање и црвенило, а во допир со потта и алергии.