Медицински совет
Дерматолозите сметаат дека консумирањето големи количества зелен зеленчук може да ги намали воспалението и црвенилото на кожата. Подобрувањето може да се забележи ако направите некои едноставни промени во начинот на живот, како внесување доволно витамини и намалување на стресот.
Доктор Мунеб Шах вели дека исхраната богата со зеленчук дава добри резултати.
Се препорачува консумирање поголеми количества брокула и спанаќ за подобар изглед на кожата. Зеленчукот е важен бидејќи содржи антиоксиданти што ги намалуваат воспаленијата и црвенилото – вели тој.
Ако јадете доволно зелен зеленчук, вашата кожа ќе добие поголемо количество хлорофил, а антиоксидантите ѝ помагаат на кожата побрзо да се регенерира, да се намалат отоците и да се ублажат акните и лузните.
– Поради своите лековити својства зеленчукот, заедно со целокупната дневна избалансирана исхрана, би можел да ги намали лузните од акните благодарение на хлорофилот што го содржи – потенцира д-р Шах.