Вежбањето го подобрува помнењето кај постарите луѓе
Едно неодамнешно истражување покажа дека вежбањето може да го промени начинот на кој клучните делови на нашиот мозок комуницираат во текот на стареењето и да ги подобри аспектите на размислување и паметење.
Истражувањето открива дека неповрзаните делови на центарот за меморија во мозокот почнуваат да комуницираат на посложен и поздрав начин ако редовно практикуваме физички вежби, со што ги изоструваме и функциите на паметењето.
Како што наведува весникот „Њујорк тајмс“, овие наоди го прошируваат нашето сфаќање за тоа дека движењето го поттикнува размислувањето и ја подвлекуваат важноста на занимавањето со различни активности, кои ни овозможуваат да останеме подвижни, без оглед на нашата возраст.
Експериментите што вклучуваат животни и луѓе покажуваат дека вежбањето ги зголемува невроните во мозокот, што е неопходно за создавање и чување на меморијата, а истовремено се подобруваат и вештините за размислување.
Кај постарите луѓе редовната физичка активност го забавува вообичаеното губење на волуменот на мозокот, што може да помогне за спречување на губењето на паметењето поврзано со староста и за намалување на ризикот од деменција.