Зошто треба да користиме рибино масло
Илјадници додатоци во исхраната денес се користат за долг и здрав живот, но само неколку од нив навистина го прават тоа. Рибиното масло дефинитивно е на листата додатоци што треба да се консумираат секојдневно.
– Здравјето и ефикасноста на срцето ќе се подобрат, а шансите за срцев удар ќе бидат намалени.
– Омега 3 масните киселини во рибиното масло ја подобруваат функцијата на мозокот и ја задржуваат концентрацијата.
– Го намалува апетитот, ја минимизира акумулацијата на мастите и ја подобрува ефикасноста на вежбањето.
– Го штити телото од токсините од загадување на воздухот. Ако го консумирате редовно, количеството на загадување што го предизвикува вашето тело ќе се намали за 30-50 отсто.
– Рибиното масло исто така го штити видот. Го стимулира ослободувањето солзи, што е особено важно ако не сакате суви очи.
– Ќе се подобри и здравјето на вашата кожа. Омега-3 масните киселини имаат моќ да ги регенерираат клетките и со тоа ја прават кожата поздрава и почиста.