Намирници што ги чистат белите дробови
Загадениот воздух може негативно да влијае врз здравјето, особено кај астматичарите може да предизвика различни респираторни и кардиоваскуларни проблеми, а познато е дека загадувањето го зголемува ризикот од коронавирусот. Одредена храна може да му помогне на организмот да биде поотпорен на штетните ефекти од загадувањето. Лекарите препорачуваат храна богата со антиоксиданси, како и онаа што има антивоспалителни својства.
Еден од најчесто користените домашни лекови за лекување на кашлицата и настинката е ѓумбирот, кој е познат по антивоспалителните својства. Богат е со витамини и минерали како магнезиум, калиум, бета-каротен и цинк. Тој може да се додаде во чај, салата, да се зема со мед и слично.
Куркумата помага во намалување на респираторните проблеми. Таа се користи во суров облик или во прав, се става во млеко и салата, во кашести сокови.
Лукот содржи алицин, дејствува како антибиотик и ги лекува респираторните инфекции. Исто така го намалува ризикот од рак на белите дробови, а корисен е и за астматичарите.
Зелениот чај е добар за слабеење и за намалување на воспаленијата, а може да се пие двапати дневно.