Постојат многу работи што можат да ви помогнат да го вежбате мозокот и да го одржувате здрав, но не е толку добро познато дека и вашиот начин на исхрана игра клучна улога во намалувањето на ризикот од деменција и од Алцхајмерова болест. Овие се некои од главните хранливи материи што би требало да ги вклучите во вашата исхрана за да имате здрав мозок.
Јагодите се овошје број еден што треба да се консумира. Овие здрави бобинки се богати со флавоноиди кои се многу корисни за нашиот мозок.
Зелениот лиснат зеленчук исто така има добро влијание врз мозокот. Особено спанаќот, кељот како и зелената салата, за кои е докажано дека го намалуваат стареењето на мозокот.
Наместо преработени грицки и слатки, јадете сурови или печени оревови плодови, кои се богати со витамин Е и кои му помагаат на вашиот мозок да функционира. Покрај тоа, заради нивните соединенија, здравите масти, влакна и антиоксиданти, тие помагаат на нашето целокупно здравје.
Лекарите советуваат да користите маслиново масло во вашата исхрана, особено ладно цеденото маслиново масло, кое влијае како заштитник на нашиот мозок против деменција.
Исто така треба да се јаде и риба барем еднаш неделно. Рибата вклучува здрави масти, Б-6 и Б-12, кои се корисни за нашиот мозок.
Производи што би требало да ги избегнувате се путерот, маргаринот и сирењето. Освен тоа, и премногу шеќер и сол не се добри за мозокот.