Меган Маркл и принцот Хари ги следат чекорите на поранешниот американски претседател Обама со нивниот нов потег. Двојката склучи договор со агенцијата на Хари Вокер. Нив сега ќе ги претставува агенцијата на Хари Вокер, која на својата веб-страница тврди дека е „водечко светско биро за говорништво “.
Агенцијата ги претставува и поранешниот американски претседател Барак Обама и првата дама Мишел Обама. Двојката Обама заработи милиони долари преку ангажмани во јавно говорење, претставувани од агенцијата на Хари Вокер.
Партнерството на Меган и Хари со агенцијата укажува дека парот се подготвува да ужива во профитабилната индустрија за јавно говорење.
Од преселбата во Лос Анџелес, беа фокусирани на добротворни цели и им помагаа на екипите за ковид-19.
Потпишувањето со агенцијата на Хари Вокер е нивен прв голем потег во кариерата по кралскиот живот.
Се смета дека Меган и Хари деловниот модел на Обама го гледаат како инспирација. Ако го следат тој модел, тогаш јавното говорење веројатно ќе биде клучно за нивната идна заработувачка.