Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, изјави дека и е жал што децата мора да растат во свет каде што сè уште постои расизам и истакна дека случувањата во САД се разорни.
Таа го рече тоа во видеото снимено од учениците од завршните одделенија од нејзиното средно училиште во Лос Анџелес, по повод масовните протести во САД, охрабрени од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, пренесува „Ројтерс“.
– Знам дека знаете дека животите на црнците се важни. Првото нешто што сакам да ви го кажам е дека многу ми е жал што треба да пораснете во свет каде што тоа сè уште се случува – рече Меган, чија мајка е Афроамериканка.
Таа додаде дека сакала да ја каже вистинската работа и дека била нервозна затоа што се плаши нејзините зборови да не бидат погрешно разбрани.
– Единствената погрешна работа е да не се каже ништо – Маркл.