Меган Маркл и принцот Хари го чекаат своето прво бебе.
Радосната вест наводно и ја открила на кралицата и остатокот од семејството на венчавката на принцезата Еугенија, а денеска е објавена и на официјалните страници на кралското семејство, каде што е наведено дека Mеган очекува бебе следната пролет.
Шушкањата околу нејзината бременост започнаа еден месец по венчавката, а станаа сѐ погласни на венчавката на принцезата Еугенија, на кое Меган носеше широк капут.
Овие информации се потврдени утрово, откако среќниот пар слета во Сиднеј, каде што стигнаа со комерцијален лет, без голема помпа и црвени ќилими. Хари и Меган стигнаа во Aвстралија на првата меѓународна турнеја по венчавката кон крајот на мај.
Се очекува бебето да го носи презимето Сасекс.