За да го одбележи својот 40-ти роденден војвотката од Сасекс вчера го објави стартот на нова амбициозна менторска програма за жени, „40 x 40“, во која 40 нејзини пријатели ќе позајмат 40 минути од своето време за да бидат ментори некому во неволја.
Меган не отиде по конвенционалниот пат, туку ѝ се обрати на нејзината пријателка актерката и комичарка Мелиса Мекарти да ѝ помогне и да ѝ се придружи во најавата на проектот со специјално видео.
Објавено на веб-страницата на добротворната организација Арчивел, видеото ја прикажува Маркл на видео повик со Мекарти, разговарајќи за тоа како треба да го одбележи својот роденден.
– Еве ја идејата. Бидејќи наполнив 40 години, барам од 40 пријатели да донираат 40 минути од своето време, за да помогнат во менторство на една жена да се мобилизира назад во работна сила – објаснува Маркл.