Меган Маркл и принцот Хари би можеле да ја купат вилата на славниот актер Мел Гибсон во Малибу, САД, за 15 милиони долари, било објавено во извештаите на една агенција за недвижност, пренесува „Експрес“.
Објавата е избришана откако медиумите се обиделе да стапат во контакт со агентот. Компанијата што го рекламира имотот одбила да даде коментар.
– Голема вест. Принцот Хари и Меган ја купуваат куќата на Мел Гибсон објави минатата недела агентката за недвижнини Андреа Пајлот на Инстаграм, но ја избриша објавата откако медиумите се обидоа да стапат во контакт со неа.
Еден извор за таблоидот „Сан“ изјавил дека имотот неодамна бил продаден, додавајќи „договори за необјавување се потпишани. Но, вие сте многу блиску“.
Парот наводно, била заинтересиран да основа свој дом во Малибу, на 50 километри од Лос Анџелес. Меган е порасната во Лос Анџелес а нејзината мајка Дорија Рагланд, во моментов живее таму, така што на војвотката и е позната оваа област.
Имотот е со поглед кон океанот, со двор од два хектара, „исклучителна“ кујна, два базени, простории за вежбање и членство во клубот на плажа. Ѕвездата од тв-серијат „Досиеја икс“ Дејвид Духовни е претходен сопственик.
Медиумите не можеле да стапат во контакт со претставникот на Мел Гибсон за коментар. Извор близок до кралскиот пар ги опиша гласините за купување на вилата како „категорично невистинити“.