Астрологот на кралското семејство Деби Френк, ги откри своите предвидувања за војводата и војвотката од Сасекс, кога тие и официјално се повлекоа од кралското семејство. Таа верува дека сите важни работи во кралското семејство се случуваат за време на затемнувањето. Така, настаните како што се свадбата на принцезата Дајана и принцот Чарлс, раѓањето на принцот Вилијам и војвотката Кејт и смртта на принцезата Дајана се случија многу блиску до затемнувањето. Деби, исто така, вели дека уште од античко време, затемнувањето е поврзано со значајни настани.
– Поради оваа причина, кога ги гледав кралските натални карти за 2020 година во декември 2019 година, бев во можност да ги повикам високонапонските бранови што го предизвикаа заминувањето на Меган и Хари од кралското семејство. Сфатив дека ќе се случи нешто големо што ќе го вознемири кралството. Предвидов дека тие веќе нема да бидат дел од кралското семејство, туку ќе се разделат како самостојна, моќна двојка, но дека преговорите ќе бидат тешки. И се покажа дека на Хари и на Меган не им се оствари желбата да бидат благородници со намалени обврски, но наместо тоа тие ја добија својата слобода – вели астрологот Деби.
Според Деби, Меган е како бомба направена за да прелета низ кралското семејство, која сега е принудена да се прегрупира.
– Оваа година ќе донесе некои пречки и одложувања од кои Меган ќе отстапи и ќе чека, подобро отколку да продолжи со нејзините цели. Остатокот од 2020 година е исполнет со значајни космички индикатори, кои покажуваат дека таа треба да продолжи со своите соништа и визии. Тоа е, секако, многу видливо и кон крајот на годината постои чувство на вистинско раскинување со минатото, можно е тоа да биде уште едно бебе, а потоа следува конечното олеснување и одмор од напорниот период на промени – заклучува Деби Френк.