Заболувањето ѝ припаѓа на групата вирусни трески, од семејството флавивиридае, кое ги вклучува и жолтата и денга-треската. Оваа векторска болест ја пренесуваат крлежи, глодачи, лилјаци, птици и сл., а најопасна е за мајмуните и за луѓето
Во некои држави на Западна Европа се дијагностицирани први случаи на заразени од мајмунски сипаници (манкипокс), вирусно заболување многу слично на големи сипаници, за кое сѐ уште не постои вакцина, и од кое во Африка секој десетти пациент починал. Поради тоа веќе се преземени мерки на претпазливост во некои балкански држави.
Првите случаи на ова исклучително ретко заболување, кое најпрво се појави во централна и во западна Африка, се потврдени во Велика Британија, а со вирусот се заразиле и некои патници што во оваа држава пристигнале од Нигерија. Носители на вирусот се главно мајмуни, кои можат да им ја пренесат болеста на луѓето, а поретко се пренесува од човек на човек.
– Вирусот манкипокс на човекот му го пренесуваат разни животински видови во Африка, со консумирање месо или со директен контакт, а пренесувањето од човек на човек е ретко, но не и невозможно. Се случува поради близок контакт со кожните лезии на заразеното лице или големи респираторни капки во текот на подолг контакт лице в лице – велат лекарите.
Епидемиолозите, пак, објаснуваат дека мајмунските сипаници се многу слични на големите сипаници, но за разлика од злогласната вариола вера, овој вирус е многу помалку смртоносен, но и понезаразен.
Болеста е откриена во Индија
Мајмунските сипаници се откриени во Махараштра, Индија, откако пред неколку години ова заразно заболување се појави во провинцијата Гоа. Болеста првпат беше откриена во 1957 година во шумата Кјазанур во областа Шимога Карнатака, а подоцна беше именувана по местото.
Заболувањето ѝ припаѓа на групата вирусни трески, од семејството флавивиридае, кое ги вклучува и жолтата и денга-треската. Оваа векторска болест ја пренесуваат крлежи, глодачи, лилјаци, птици и сл., а најопасна е за мајмуните и за луѓето. Според најновите податоци, досега од ова заболување во покраината Махараштра починале три лица, кои се заразиле со вирусот во Гоа, минатата година, соопштија индиските државни здравствени власти.
Примарни симптоми за заболувањето се: висока температура, фронтални главоболки, хеморагични симптоми, како што се крвавење од носната празнина, грлото и од непцата, како и гастроинтестинално крвавење.
Секундарни симптоми од болеста се повраќање, мускулна вкочанетост, отсуство на рефлекси, ментални нарушувања. За превенција и за лекување се неопходни вакцинација, одмор и богата протеинска исхрана, а меѓу најважните мерки на претпазливост се носење заштитна облека и заштита од убоди на комарци.