Со синоќешниот концерт на плоштадот во Прилеп заврши годинешното 16-то издание на „Пиво фест“, кое, како и досега, понуди добра забава, скара и пиво за посетителите. Според реакциите на публиката, највпечатлива беше третата вечер, во саботата, со настапот на големата балканска ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, кој заедно со публиката отпеа дел од својот богат репертоар.
За време на четирите фестивалски дена, на големата фестивалска бина настапија и Џенан Лончаревиќ, „Црвена јабука“, групите „Ван Гог“, „Некст тајм“, „Фортисимо“, Гоце Чоки, Дарио и други музички гости.
Фестивалот вчеравечер го затвори Шабан Шаулиќ, а претходно настапија и Милица Тодоровиќ, „Либеро бенд“ и Александра Јанева.