Луѓето се најсреќни на 70 години, бидејќи со возраста почнуваат да го игнорираат гневот и да бидат попозитивни, пишува „Дејли мејл“.
Најмалку среќни, пак, се луѓето на средна возраст, кај кои стресот и гневот се најизразени.
Научници од Медицинското училиште во Харвард правеа истражување кај луѓето во однос на промените во социјалните сигнали и како се намалуваат или засилуваат емоциите според возраста. Тие работеле со 10.000 Британци на возраст од 10 до 85 години и анализирале како учесниците реагираат на лутина, страв и среќа.
Резултатите од истражувањето генерално укажуваат на тоа дека луѓето во поодминати години ги гледаат социјалните ситуации попозитивно, бидејќи подобро ги игнорираат гневните луѓе.