Францускиот сценарист, режисер и продуцент Лук Бесон пред извесно време беше обвинет за сексуален напад врз глумица со која работел на неколку проекти претходно.
Нови податоци од истрагата велат дека повеќе жени го обвинуваат Бесон за несоодветно однесување, јавува порталот ИМДБ.
Обвинувањата кон режисерот се случуваат во период кога неговата компанија Јуропа-Корп се соочува со финансиски проблеми и реструктуирање, по потфрлањето на неговиот најнов филм „Валеријан“.
Бесон е познат по филмовите „Петтиот елемент“, „Луси“, „Леон: Професионалецот“ и трилогијата „Артур“.