Нега и убавина
Лососот е богат со омега 3 киселини, брокулата е одличен извор на витамин Ц, а аспарагусот е познат извор на пребиотици, кои се исто така неопходни за здравјето на кожата. Сѐ повеќе сме свесни дека храната што ја јадеме има големо влијание врз нашата кожа, без разлика каква е.
– Ако имате сува кожа што се лупи, треба да го зголемите внесувањето закуски што содржат маснотии како ореви, а ако страдате од акни и мрсна кожа, храната со висок гликемиски индекс може да ви помогне да го подобрите тенот – вели дерматологот Витни Боуи.
Покрај тоа, Боуи објаснува дека за сјајна кожа треба да се консумира лосос, кој е богат со омега 3 киселини, кои се совршени за подобрување на изгледот на кожата и за нејзина заштита. Покрај омега, лососот има и астаксантин, кој е моќен антиоксидант.
– Ако јадете лосос, не лупете ја кожата, затоа што е полна со колаген, кој ќе помогне да се одржи кожата цврста и затегната. Колагенот добиен од кожа од риба ја подобрува еластичноста на кожата – вели Боуи.