Со своите енергични настапи Литл Ричард ја разниша музичката сцена во 1956 година со пeсната „Tutti frutti“, а продолжи со хитовите: „Long Tall Sally“, „Rip It Up“,„Lucille“, „Good Golly Miss Molly“…

Литл Ричард, кого го нарекуваа и архитект на рокенрол музиката, чие музичко влијание беше жешка мешавина од буги-вуги, ритам и блуз и госпел, кој почина вчера во 87. година во својот дом во Тенеси, САД, влијаеше на голем број изведувачи, чија слава подоцна ќе го надмине.

Неговиот бас гитарист Чарлс Глен, изјави за порталот ТМЗ дека музичарот бил болен два месеца, а починал опкуржен со неговите брат, сестра и син. Последен пат разговарале на 27 март и Ричард го поканил да го посети, но тоа не се случило поради пандмеијата на коронавирусот. Меѓу нив двајцата владеел однос како меѓу син и татко.

Со своите енергични настапи, Литл Ричард ја разниша музичката сцена во 1956 година со пeсната „Tutti frutti“, а продолжи со хитовите: „Long Tall Sally“, „Rip It Up“,„Lucille“, „Good Golly Miss Molly“…. Наспроти тоа што во 1958 година не се најде меѓу првите 10 на топлистите, неговото влијание на големиот рокенрол бран што надоаѓаше беше сѐ поголем.

Неговите песни ги обработувале бројни музичари, меѓу кои се и: „Битлси“, а Џими Хендрикс, кој свирел во бендот на Ричард во 1960-те, изјавувал дека сака да свири гитара онака како што Литл Ричард пее. Мик Џегер, Пол Макартни, Џемс Браун, Отис Рединг, Дејвид Боуви и Род Стјуарт го наведувале како свој идол.

Освен со својата музика, и со користењето на шминка, гардероба што светка, носење сакоа со стаклена мониста, Литл Ричард постави дополнителни стандарди во рокенролот.

Еден од музичарите кој многу му должи е Принс, токму заради стилот и имиџот на сцената.

Литл Ричард е роден како Ричард Вејн Пенимен на 5 декември, 1932 година во Мејкон, Џорџија. Бил едно од 12-те деца, кои главно ги воспитувал вујкото. Пеел во локалната црква, но немал поддршка од татко му да се занимава со музика. Кога имал 13 години се иселил од дома и го посвоила брачна двојка која ги поддржувала неговите музички амбиции.

Се јавува на еден музички конкурс, каде остава одличен впечаток и оттогаш почнува блескавиот пат на легендарниот музичар. На врвот на кариерата во 1950-те и почетокот на 1960-те, тој се прославува со впечатливите изведби на своите хитови, свирејќи на клавир како лудак и нагласувајќи го текстот, со повремени извици.

Списнаието „Тајм“ оцени дека тој пее песни што звучат како бемислици, но „нивниот ритам ве води кон надзмени задоволства некаде длабоко во утробата“. Неговата музика привлече бројна млада публика, и од црната и од белата популација на САД, во периодот кога во САД постоеше строга сегрегација.

Голем број бели музичари, како Пет Бун имаа сопствени верзии на неговите песни, иако малку поблаги, наманети за публиката ориентирана кон поп-музиката.

– Секогаш мислев дека рокенролот ги спојува расите. Иако сум црнец, тоа на моите обожаватели не им пречеше и добро се чувствував заради тоа – изјавил Ричард во една прилика.

Во текот на својата кариера тој снимил 15 студиски албуми, кои се продадени ширум светот во милионски тиражи. Во 1986 година неговото име е вклучено во „Рокенрол куќата на славните“. За Литл Ричард е напишана и автобиографска книга, а снимен е и игран филм во 2000 година.

М.Т.