Туширањето со студена вода предизвикува ослободување на хормонот адреналин во организмот, што потоа придонесува за зголемување на антивоспалителните цитокини, кои се одговорни за вистинската борба на организмот против инфекциите. Имунологот Кирин Данстон вели дека студениот туш може да ја подобри имунолошката функција на организмот.
– Истражувањето докажува дека студениот туш ја активира и работата на таканаречените „клетки убијци“, главните клетки на имунолошкиот систем што овозможуваат оптимална отпорност на телото. Покрај тоа, студија од 2014 година открила дека студената вода во организмот ослободува и адреналин, што потоа предизвикува зголемување на антивоспалителните цитокини одговорни за правилната борба на организмот против инфекциите. Учесниците во студија од 2016 година што изјавиле дека секој ден се тушираат со ладна вода, значително помалку отсуствувале од работа поради болест или настинка, дури 29 проценти помалку од оние што уживале во топла вода наутро – вели Данстон.
Во контакт со ладна вода, крвните садови нагло се стеснуваат, што ја принудува крвта многу побрзо да помине низ нив и ја подобрува циркулацијата низ целото тело. Студената вода на тој начин ги зајакнува и вените и артериите, а исто така помага во снабдувањето со крв воопшто и ја зголемува ефикасноста на кардиоваскуларниот систем.
– Кратките млазови ладна вода исто така стимулираат гени за кои се верува дека се одговорни за долговечноста – објаснува докторот за функционална медицина, Френк Липман, исто така автор на книгата „Новите правила на стареењето“.
Доктор Липман вели дека најдобриот туш за намалување на стресот е топло-ладен туш, односно најизменично туширање со топла, па со ладна вода. На крајот се препорачува ладна вода до стадиум на треперење.