Крстосувањата без дестинација се новата опција за патување за време на пандемијата на коронавирусот, па затоа туристичкиот одбор во Сингапур најави крстосувања за задоволство, на кои не се посетува ниту едно пристаниште.
Жителите на Сингапур ќе имаат можност да крстосуваат со две големи крстосувачки компании, а бродовите ќе пловат со 50 отсто од капацитетот. Бродовите ќе се придржуваат до строгите хигиенски и санитарни протоколи, а патниците ќе мораат да покажат негативен тест на ковид-19 пред да се качат.
Во бродот ќе циркулира свеж воздух, а патниците ќе треба да носат заштитни маски надвор од кабините на бродот. Бродовите ќе испловат и ќе се вратат на истото пристаниште, а за време на патувањето нема да застануваат на ниту едно друго пристаниште.
– Овој пилот-проект е одлична можност за крузерите да дизајнираат ново задоволство за крстосување и да ја задржат довербата на патниците – велат од Сингапурскиот туристички одбор.
Едно е сигурно, патниците ќе сакаат со ваквото патување да го свртат вниманието од приземјените авиони и затворените граници.