Кралицата Елизабета Втора ќе биде принудена да прекине 77-годишна традиција поради појавата на коронавирус, пишува британски „Експрес“. И покрај тоа што се одржува од 1943 година, омиленото кралско коњичко шоу (Ројал виндзор хорс шоу) на кралицата, исто така, е откажано поради пандемијата.
– Следејќи ги упатствата на Владата објавени на 16 март, според кои масовните собири нема да бидат поддржани од службите за итни случаи и неодамнешните најави за социјално дистанцирање, со огромно жалење донесовме одлука да ги откажеме коњичките натпреварувања. Здравјето на натпреварувачите, спонзорите, волонтерите, функционерите и посетителите е наш главен приоритет. Би сакале да им се заблагодариме на сите што се поврзани со настанот за нивната континуирана поддршка и веќе планираме повозбудливо шоу во 2021 година да го надоместиме разочарувањето од оваа година – соопштија организаторите.
Шоуто за првпат било одржано 1943 година за да соберат пари за воените активности.
Во тоа време принцезата Елизабета присуствувала на првиот настан, заедно со нејзиниот татко кралот Џорџ Шести, кралицата Елизабета (мајката на кралица) и нејзината сестра принцезата Маргарет.
На првото шоу, тогашната принцеза Елизабета победила во класата Пони и Догкарт, а во изминатите натпревари учествувале многу нејзини коњи.
Многу кралски настани предвидени за следните месеци се откажани, вклучувајќи ја и забава на отворено во градинатана кралицата, во чест на венчавката на нејзината внука принцезата Беатрис.