Кралицата Елизабета е на тронот во Обединетото Кралство од февруари 1952 година. Таа е кралица што најдолго владее со монархијата. Има обожаватели од целиот свет. Тоа значи дека добива неверојатен број писма. Кралицата прима над 70.000 писма годишно, околу 200-300 на ден.
Звучи мошне неверојатно. Многумина мислат дека од што се премногу не успева да ги прочита сите. Сепак, според страницата на кралското семејство, овие писма навистина стигнуваат до кралицата. А понекогаш дури одговара и на неколку писма. Еден дел од нејзината утринска рутина е читање и одговарање на писмата. Користи зелено мастило за нив.
Дејвид Ваз е еден од ретките среќници што добил писмо од кралицата. Според „Дејли мирор“, Ваз ѝ пишал на кралицата за да ѝ го честита дијамантскиот јубилеј во 2012 година.
Во писмото ѝ испратил на кралицата 50 фунти за да може да прослави со нејзината омилена чаша чај.
Кралицата Елизабета била длабоко трогната од неговото писмо, па му вратила писмо во кое му се заблагодарува и му ги враќа 50-те фунти, бидејќи не ѝ е дозволено да прифаќа парични подароци, но го цени гестот.
Адресата на кралицата е наведена на веб-страницата на кралското семејство, па дури и детално опишува како да напишете формално писмо, почнувајќи од „Мадам“.