Без филмот „Сам дома“ речиси е невозможно да се замисли прославувањето на новогодишните празници во домашна атмосфера. Во филмот, во кој момчето Кевин Мекалистер (Меколи Калкин), останува само и заборавено во куќата за време на Божиќ и се бори со крадците што се обидуваат да го ограбат, требало да глуми и славниот Роберт де Ниро.
Иако денес е назамисливо во улогата на крадецот Хари да се замисли кој било освен Џое Песци, оваа улога била наменета за големата холивудска ѕвезда, објави британскиот „Експрес“. Но откако Де Ниро одбил, бил избран Песци, кому улогата му донела огромна популарност.
Иако денес сцените во кои Кевин ги надмудрува двајцата крадци изгледаат смешно, продуцентите на серијалот филмови „Сам дома“ изјавија дека нивното снимање воопшто не било смешно.
– Секогаш кога некој од каскадерите изведуваше некоја сцена, ние само гледавме и се молевме да преживее. Иако вообичаено овие сцени се изведуваат со сигурносни ремени, бидејќи тие се гледаат во кадрите, одлучивме да снимаме без нив – откри еден од продуцентите.
За среќа, за време на снимањето се случи само една повреда. Станува збор за сцената во која Хари му се заканува на Кевин дека ќе му ги гризне прстите.