Премиерата на филмот со Џејмс Бонд „Нема време за умирање“ е одложена за седум месеци поради коронавирусот, пренесуваат светските медиуми.
Филмските компании „Ем-џи-ем“ и „Јуниверсал“ и продуцентите Мајкл Вилсон и Барбара Броколи вчера најавија на Твитер дека филмот, наместо во април, ќе биде премиерно прикажан во ноември.
По проценка на глобалниот филмски пазар, донесена е одлука да се одложи објавувањето на филмот. „Нема време за умирање“ ќе има премиера на 12 ноември во кината во Велика Британија, а на 25 ноември ширум светот.