Камерниот оркестар на Битола годината ја започнува со концерт посветен на најголемите македонски евергрини и незаборавни песни од нашата легенда Тоше Проески, кои на настанот соодветно насловен „Засекогаш во срцата“ ќе ги изведуваат: Елена Ристеска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Димитар Андоновски, Антонија Гиговска, Бојан Стојков, Елена Петреска, Тамара Стојковска и Ана Гаштарова.
Концертот ќе се одржи еден ден по роденденот на Тоше, на 26 јануари, во Центарот за култура, организатор на настанот, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре.
А на 25 јануари, роденденот на нашата музичка икона ќе биде одбележан во Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево.
Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, на 16 октомври 2007 година, на 26-годишна возраст.