Компанијата „Кока-Кола“ ќе го тестира своето прво шише од хартија како дел од подолготрајната програма за целосно исфрлање на пластиката од пакување на нејзините производи. Прототипот е направен од данска компанија. Тој е од многу силна хартиена обвивка што сè уште содржи тенка пластична обвивка. Но целта е да се создаде 100 отсто рециклирачко шише без пластика, способно да спречи излегување на гас од газираните пијалоци, пренесуваат светските медиуми.
„Кока-Кола“ постави цел да произведува нула отпад до 2030 година.
Минатата година „Кока-Кола“ беше рангирана на првото место во светот за загадувач на пластика од добротворната група „Брејк фри фром пластик“, а веднаш зад неа се другите производители на пијалоци „Пепси“ и „Нестле“.
Компанијата „Пејпр ботл компани“ или „Пабоко“ е данска компанија што стои зад развојот на амбалажата брз основа на хартија.
Дел од предизвикот беше да се создаде структура способна да ги издржи силите што ги вршат газираните пијалоци како што се колата и пивото, и кои се флашираат под притисок.
По повеќе од седум години лабораториска работа, фирмата „Пабоко“ сега е подготвена да организира тестирање во Унгарија ова лето со „ Ејдез“ овошен пијалок на „Кока-Кола“. Првично ќе бидат вклучени 2.000 шишиња дистрибуирани преку локален синџир за малопродажба.
Компанијата „Пабоко“ за производителот на вотка „Абсолут“, треба да тестира 2.000 хартиени шишиња во Велика Британија и во Шведска, од неговиот претходно измешан и газиран пијалок од малина.
И компанијата за пиво „Карлсберг“ прави прототипи на хартиено шише за пиво.