Улични кокошки кои шетаат слободно по Ки Вест, најјужниот остров-град во американската сојузна држава Флорида е само една од работите што му даваат шарм, пренесува „Асошиејтед прес“.
Но оваа појава почна да создава и непријатности. Откако хранењето на уличните кокошки од страна на населението излезе од контрола, градските власти биле приморани да преземаат активности со прогласување на истото за казниво дело.
Во наредбата едногласно одобрена на првото читање, се вели дека уличните кокошки во градот можат „да носат и шират болести, да уништуваат имот и да вршат измет по јавните површини“.
Луѓето кои ги хранат ќе бидат казнети со парични казни од 250 долари за прво прекршување и 500 долари за повторен прекршок, според уредбата што сега чека на второ гласање, објави „Мајами хералд“.
Овие кокошки се дебели и без проблеми можат да најдат храна. Туристите ги хранат со пуканки или помфрит, а некои локални жители им купуваат огромни вреќи храна за птици.
– Птиците се како на гозба. Тие можат дабираат и да изберат подобро од нас што ќе јадеме – рече градскиот комесар Клејтон Лопез, кој ја спонзорираше мерката.
Патриша Иблес, помошник-адвокат на округот Монро, рече дека нејзината сосетка ги храни неколку пати на ден, што резултира со измет на скалите, оградите, автомобилите и другите површини.
– Направивме се што можеме како соседи за да се обидеме да ја натераме да престане да го прави тоа. Почнавме да бараме законски уредби и така дознавме дека нема на која да се повикаме – рече Иблес.
Чарлс Малта рече дека неговата улица е преплавена со кокошки.
– Населението буквално експлодира. Тие ги хранат и кога ќе побарате од некого да престане.. Тоа ја загреа работата од двете страни – рече Малта.
На градските улични кокошки не им е потребна помош за наоѓање храна, изјавил Том Свитс, извршен директор на Центарот за диви животни во Ки Вест. Самиот стров е средина богата со бубачки и храна за нив.
– Ништо не е полошо за кокошките од тие да се хранат. Никогаш не сум видел слаба кокошка во Ки Вест, освен ако не е болна или повредена. Навистина нема потреба. Тие се доволно способни да се грижат за себе – рече Свитс.
Центарот за диви животни вели дека не ги отстранува здравите пилиња во Ки Вест, но минатата година собрал околу 1.500 повредени, болни и напуштени пилиња. Само овој месец тие собрале околу 180. Преживеаните птици се преместени на ранч северно од езерото Окечоби и во близина на Форт Маерс, стои известувањето на веб-страницата на центарот.