Некои градови го враќаат социјалниот живот по изолацијата поради коронавирусот, на иновативни начини за да има чувство за нормалност, а во исто време и да е безбедно. Така во Париз ја искористиле реката Сена за да направат кино на вода. Со ваква забава на отворено на 18 јули ќе се отвори летната сезона во Париз.
На киното на вода, кое е бесплатен настан, парижаните ќе уживаат во филмот „Потони или пливај“ од 2018 година на 38-те електрични чамци што ќе бидат достапни за оваа пригода. Покрај тоа ќе бидат поставени и 150 лежалки на брегот на Сена, за повеќе луѓе да можат да уживаат во вечерно кино на отворено.