Во чест на стогодишнината од корејскиот филм, ГБО дизајнира привремен павилјон, кој ги поканува посетителите да гледаат филм додека се возат на огромна роботска рака. Соодветно насловена „Ер кино“, структурата на надувување има цел да им понуди на посетителите традиционално филмско искуство во ерата на дигиталното стримање.
Со својата елипсовидна форма, павилјонот воодушевува со футуристичкиот дизајн. Триаголната шара на таванот ја ограничува природната светлина, за да се обезбеди оптимално кинематографско искуство, а исто така спречува просторот да се прегрее. Воздушните цевки што се завиваат околу структурата во форма на Х даваат привремена архитектонска дефиниција, правејќи ја структурата лесна за инсталирање и за расклопување. „Ер киното“ е исто така дизајнирано да може лесно да патува низ целата земја.
Откако ќе влезат во помала огледална сфера, посетителите преминуваат во големиот простор. Тука тие можат да се возат на роботската рака додека истовремено гледаат филм, вртејќи се наопаку и наоколу. За оваа пригода, ГБО, исто така, ги претвори раните корејски филмови во висока дефиниција со употреба на „супернова“, што претставува една од технологиите за вештачка интелигенција на јужнокорејските телекомуникациски мрежи.